Дома Македонски спорт Мак фудбал УЕФА ранг листа: Вардар со најдобар пласман во историјата!

УЕФА ранг листа: Вардар со најдобар пласман во историјата!

Како и што се очекуваше историскиот настап на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа донесе и голем напредок за македонскиот шампион.

Вардар оваа сезона на Македонија и овозможи да ужива во европски фудбал во Скопје гостуваа екипите на Розенборг, Зенит и Реал Сосиедад, екипи против кој Вардар не забележа кој знае какви резултати, но секако собра искуство кое многу ќе им значи во иднина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Покрај тоа сигурно дека македонскиот шампион добро заработи, но и го поправи својот пласман на УЕФА ранг листата и сега го има најдобриот во својата историја.

Вардар сега е рангиран на 201 позиција што е скок од 54 места во однос на минатогодишното рангирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…