Дома Фудбал Репрезентации УЕФА планира ново проширување на Европското првенство?

УЕФА планира ново проширување на Европското првенство?

Според најавите на „Дејли Мејл“ УЕФА планира нови промени во форматот на Европското првенство.

Челниците на европскиот фудбал сакаат да вклучат што е можно повеќе репрезентации на завршниот турнир. Како што се најавува нивниот план е на турнирот во 2028 година да учествуваат 32 репрезентации, тоа ќе значи зголемување за осум селекции од последното Европско првенство.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На последното Европското првенство учествуваа 24 репрезентации, формат кој се воведе во 2016 година. Претходно на завршниот турнир на најдобрите репрезентации во Европа учествуваа само 16 репрезентации.

На споменатото Европско првенство во 2028 година домаќини треба да бидат Велика Британија и Ирска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Големото промашување на Јувентус пред враќање во Премиер лигата

Нотингем Форест активно работи на засилување на тимот за претстојната сезона. Клубот преди…