Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради однесувањето на навивачите на неодамнешниот натпревар против Англија во првото коло на Европското првенство во Германија.
Имено, англиските медиуми пишуваат дека УЕФА покренала истрага против „орлите“ откако биле пријавени мајмунски крици насочени кон англиските играчи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
УЕФА назначи инспектор кој ќе води дисциплинска постапка во врска со наводното дискриминаторско однесување пријавено од сведок на трибините во текот на првото полувреме од натпреварот.
Покрај оваа истрага, УЕФА го обвини Фудбалскиот сојуз на Србија за уште две прекршоци – фрлање предмети и пренесување на провокативна порака несоодветна за спортски настан.
Последното обвинение се однесува на истакнување на знаме поврзано со паравоено движење вклучено во етничко чистење за време на војните во поранешна Југославија.
„Етичкиот и дисциплинскиот инспекторат на УЕФА ќе спроведе дисциплинска истрага за наводното дискриминаторско однесување“, изјави портпаролот на УЕФА.
Инаку, инцидентот се случил пред околу 50.000 гледачи, меѓу кои и околу 8.000 српски навивачи.