Дома Останати Удрија потпис, пуштија рака: LACOSTE отсега ќе го облекува Ѓоковиќ на терените

Удрија потпис, пуштија рака: LACOSTE отсега ќе го облекува Ѓоковиќ на терените

Новак Ѓоковиќ во понеделникот го прослави 30. роденден и официјално го потпиша договорот со новиот спонзор. Ѓоковиќ во иднина ќе ја носи опремата на Lacoste.

Француската компанија ја промовираше опремата која српскиот тенисер ќе почне да ја носи од Ролан Гарос.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Годишниот приход на Lacoste изнесува околу 500 милиони евра, а во тенисот, меѓу другите, ги спонзорираaт Федерико Делбонис, Пабло Куевас, Николас Мау, Жилијен Бенето, Доминика Цибулкова, Елена Веснина, Беноа Пер, Роберто Баутиста-Агут.

„Благодарен сум и воедно ми претставува чест и привилегија што започнувам ново партнерство со овој тениски бренд. Lacoste има историја во сите спортови, а Рене Лакост бил некој кој вовел револуционерни промени во тенисот, но и во светот на модата. Lacoste ги следи трендовите и во исто време го чува својот идентитет“, изјави Ѓоковиќ.

Lacoste, исто така, е еден од генералните спонзори на неколку значајни турнири, меѓу кои се и Аустралијан опен и завршниот Мастерс во Лондон.

Во кариерата Ѓоковиќ бил заштитно лице на Адидас, Серџо Такини и Уникло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познат е терминот: Ѓоковиќ дозна кога игра против Дрејпер на Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ обезбеди учество во осминафиналето на мастерсот во Индијан Велс со победа на…