Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по осми пат годината ја заврши на првото место на АТП листата за што најзаслужни се трофејот на завршниот мастерс во Торино кој за него беше рекорден осми пати, титулите на Австралија Опен, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен.
Овие титули на Ѓоковиќ му донесоа заработка во износ од 16 милиони долари и тоа го прави убедливо најдобар во однос на конкуренција. Зад Ѓоковиќ е Карлос Алкараз со 10.7 милиони долари, трет е Данил Медведев со 9.3, а четврти Јаник Синер со 8.3 милиони долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер е убедливо прв и по вкупната заработкаво кариерата бидејќи низ годините успеал да заработи 180.6 милиони долари, 46 повеќе од Рафаел Надал кој е на второто место. Треба да се каже дека Ѓоковиќ се уште е активен и тоа во добра форма, па така може да стане првиот тенисер кој ја пробил границата од 200 милиони долари.
Novak Djokovic earned more than anyone in 2023 🔥
— Sportskeeda Tennis (@SK__Tennis) December 5, 2023
Do you think he will become first player to earn $200 million career prize money in 2024? 👏#NovakDjokovic #CarlosAlcaraz #DaniilMedvedev #JannikSinner #Tennis pic.twitter.com/RCGsg21f67