Поранешниот претседател Барселона, Хозе Марија Бартомеу заврши зад решетки.
Бартомеу е уапсен поради скандалот „Барсагејт“ за кој се сомнева дека го направил додека бил на чело на Барселона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанската полицијата утрово влезе на „Ноу Камп“ за да направи претрес на просториите како дел од истрагата во вмешаноста во кампањата која ја водел против некои сегашни и поранешни играчи на Барселона преку маркетинг агенции.
BREAKING: Police arrest Barcelona ex-president Josep Bartomeu, their CEO and head of legal https://t.co/wEBJW7M6Oq pic.twitter.com/jbVPyVWR3K
— MailOnline Sport (@MailSport) March 1, 2021
Барселона поминува низ турбулентен период, а интересно е дека полицијата акција ја прави само на една едела пред претседателските избори.
Освен Бартомеу уапсени се уште Оскар Грау и Гомез Понти, извршниот директор и директорот на правниот одел на Каталонците.