Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел самоуверен: Ќе победиме на „Олд Трафорд“, способни сме за такво нешто

Тухел самоуверен: Ќе победиме на „Олд Трафорд“, способни сме за такво нешто

Денес во Лигата на шампионите беа извлечени осминафиналните парови и добивме неколку интересни дуели.

Еден од натпреварите кои привлекуваат најмногу внимание секако е оној помеѓу Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Лигата на шампионите е тешко натпреварување во кое учествуваат само големите клубови. Меѓутоа мораме во сите натпревари да пристапиме максимално сериозно. Не можеме уште сега да размислуваме за Јунајтед. Но, можам да ви кажам дека сме способни да победиме на „Олд Трафорд“. Верувам во својот тим“, изјави Тухел кој потоа зборуваше за ситуацијата со Нејмар.

„Нејмар ги помина прегледите. Не е 100% спремен и нема да игра утре. Нема да настапи ниту Диара. Нашиот предизвик е да одиграме сериозен натпревар. Мораме да продолжиме со победите“, заврши Тухел.

ПСЖ утре со почеток од 21:00 часот го игра натпреварот од Купот на Франција против Орлеан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Капинковски си замина од Пелистер по слабиот старт на сезоната

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека по взаемен договор се раздели со досе…