Дома Фудбал Англија Тухел пресреќен: Дојдов на вистинско место во вистинско време, уживам во Англија

Тухел пресреќен: Дојдов на вистинско место во вистинско време, уживам во Англија

Челзи игра одлично под водство на Томас Тухел. Германецот доведе помеѓу најдобрите четири во ПЛ, а „сините“ ќе играат финалиња во Лигата на шампионите и ФА Купот.

Тухел признава дека ова е неговиот најсреќен период во кариерата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Навистина уживам во Англија. Дефинитивно ова е најсреќниот период во мојата кариера, многу е добро да сте тренер тука. Го чувствувам тоа од првиот ден кога дојдов. Постојано тоа им го зборувам на пријателите и семејството“.

„Апсолутно сум среќен, дојдов на вистинско место во вистинско време. Се надевам дека и другите околу мене се чувствуваат така“.

Тухел едвај ги чека и навивачите.

„Можам само да замислам како кога ќе играте пред навивачи во Саутемптон, Лидс, Ливерпул, Манчестер…Едвај го чекам и тој момент“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …