Бразилскиот фудбалер Нејмар очигледно ќе биде подготвен за гостувањето против Црцена Звезда во последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.
Нејмар веќе некое време има проблеми со повредата на препоните, поради што го пропушти гостувањето против Стразбур во рамките на Лига 1. Тренерот Томас Тухел изјави дека Нејмар изминативе денови работи на посебна програма, а на остатокот од екипата би требало да се приклучи во петок или недела.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Програмата по која работи е иста како и онаа кога беше повреден во репрезентацијата. Неколку дена ќе тренира индивидуално, а потоа ќе се проклучи на тимот. Мислам дека тоа ќе биде во петок или недела“, изјави Тухел.
Потсетуваме, ПСЖ нема да игра во Лига 1 за викенд, бидејќи нивниот натпревар против Монпелје е откажан, па сета концентрација е кон натпреварот во ЛШ против Црвена Звезда.