Дома Фудбал Тухел: Не сум јас единствениот проблем во Баерн, но некои работи не се за во јавност

Тухел: Не сум јас единствениот проблем во Баерн, но некои работи не се за во јавност

Актуелниот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, смета дека тој не е единствениот виновник за лошите резултати на германскиот тим.

Актуелниот шампион на Бундеслигата врза три порази, од Баер Леверкузен (3-0) и Бохум (3-2) во првенството, како и од Лацио во првиот натпревар од осмина финалето на Лигата на Шампионите (1-0).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тухел сега одлучил да се огласи и да порача дека е одговорен за слабите резултати на екипата, но дека тој не е единствениот проблем таму.

„Да е грешка на само едно лице, во овој случај тренерот, денес спроти вас ќе имавте некој друг на прес-конференција. Не мислам дека сум единствениот проблем, но одговорен сум и ја преземам одговорноста за резултатите.

Клупските службеници ја знаат мојата анализа, многу е самокритична. Тие тоа го знаат, но тоа дефинитивно не е анализа за во јавноста“, рекол Германецот пред денешниот натпревар со Лајпциг во 23-тото коло од Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…