Дома Фудбал Англија Тухел не го дава Пулишиќ: Влегува во моите планови

Тухел не го дава Пулишиќ: Влегува во моите планови

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека Кристиан Пулишиќ влегува во неговите планови за во иднина.

Американскиот репрезентативец не добива голема минутажа после доаѓањето на Тухел, па се засилија шпекулациите за негов трансфер на лето.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Кога потпишуваш со Челзи треба да бидеш стрплив и во исто време нестрплив. Сите играчи сакаат да играат. Кога не си во тимот, не треба да губиш надеж. Должност на играчите е да тренираат добро и да бидат спремни. Тоа го прави Кристиан“, изјави Тухел.

„Имаме многу натпревари и тој е дел од моите планови за иднина. Тој е важен играч и има потенцијал да го реши мечот влегувајќи од клупа“, додаде германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…