Дома Трансфер зона Тухел и Пеп не го сакаат, за Барса е прескап – Лондон опција за Кансело?

Тухел и Пеп не го сакаат, за Барса е прескап – Лондон опција за Кансело?

Жоао Кансело нема јасна слика за својата иднина бидјеќи ниту Томас Тухел, ниту Пеп Гвардиола не го сакаат во својот тим.

Баерн Минхен нема да ја активира клазулата за да го откупи од 70 милиони евра по истекот на позајмицата. Португалецот е прескап и не ги исполни очекувањата на „Алијанц Арената“. Уште помалку веројатно е дека ќе продолжи на „Итихад“, Пеп не го сака во својот тим.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Се споменуваше Барселона, но Каталонците немаат пари, па сега во прв план скокна Арсенал.

Британски „Телеграф“ пишува дека Арсенал е опција за Кансело, „топџиите“ знаат дека не е евтин. Но, сигурно дека Кансело би бил големо засилување за следната сезоана, Бен Вајт така би можел конечно да се врати во срцето на одбраната и да води битка со Габриел и Салиба.

Арсенал веќе сериозно размислува за тимот за следната сезона бидејќи веќе се најавува доаѓање на Даклан Рајс кој би бил замена за Гранит Џака кој како што стојат работите се договори со Баер Леверкузен.

Со овие нови имиња, можеби и еден нов напаѓач Арсенал навистина би изгледал посилно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…