Дома Фудбал Кансело лут на Инзаги, сѐ е подготвено за зимски трансфер?

Кансело лут на Инзаги, сѐ е подготвено за зимски трансфер?

Жоаао Каансело не е задоволен во Ал Хилал од доаѓањето на Симоне Инзаги и сака да ја напушти Саудиска Арабија веќе на зима.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информации од медиумите во Саудиска Арабија, Каансело побарал од неговиот агент Жорже Мѐндеш да му најде нов европски клуб и тоа веќе во јануари.

Незадоволството на Кансело е исклучиво поврзано со Симоне Инзаги и фактот што не бил на списокот на редовно регистрирани странци, па така неговата минутажа значително е намалена оваа есен.

Ка̀нсело одигра само првите две натпревари во првенството, по што беше тргнат од листата на регистрирани странци и повторно би можел да биде регистриран дури од 1 јануари.

Но, дотогаш можеби ќе биде доцна, бидејќи Кансело сака да си замине.

Тој јавно изјави дека му е сон да се врати во Европа, а идеално би било за него тоа да се случи во јануари за да пронајде вистинска форма до Мундијал 2026.

Кансело е стандарден кај Роберто Мартинез, но неговиот статус би можел да биде загрозен доколку не игра кај Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го претстави Дамфрис, еве колку го плати

Реал Мадрид го потврди пристигнувањето на холандскиот дефанзивец Дензел Думфрис од Интер М…