Фудбалерите на ПСЖ во второто коло од групната фаза во ЛШ стигнаа до важна победа на гостувањето кај Башакшехир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После домашниот пораз од Манчестер Јунајтед, ПСЖ во Турција допатува единствено да победи. На крајот, францускиот клуб успеа да победи со 0:2, но сепак Истанбул го напуштија загрижени.
Имено, во 26. минута поради повреда играта ја напушти Нејмар, а денеска ќе биде јасно за каква повреда се работи.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел се надева дека повредата не е сериозна.
„Се надевам дека повредата не е сериозна. Резултатите од деталните прегледи ќе ги дознаеме денеска.“ – изјави Тухел.