Новиот тренер на Челзи, Томас Тухел со голем респект зборуваше за актуелниот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо.
Утре двајцата ќе играат еден против друг во лондонското дерби, а Германецот ја кажа амбицијата да го победи „Специјалниот“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мурињо во Тотенхем изхради многу конкурентен тим. Имам голем респект кон него, бидејќи тој секаде успева да изгради тимови на највисоко ниво. Јас ги правам нештата во свој стил, има многу начини за успех. Мурињо е тренер од светска класа, но ние сакаме да победиме“, изјави Тухел.
„Имаме два мали проблеми бидејќи Зума и Хаверц имаат проблем и не тренираа денес. Не знам дали ќе бидат на располагање утре, сите други фудбалери се спремни“, додаде Германецот