Додека Европа пишува за одлуката на Кристиано Роналдо која ја пренсе весникот „Рекорд“ од Лисабон, на Чизмата се случи мал потрес кој во наредните недели, можеби и месеци би можел да се претвори во вистинска ерупција!
Трампата Гонзало Игуаин – Мауро Икарди доби „зелено светло“!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Торинскиот весник „Тутоспорт“ открива ексклузивни информации со следната содржина: Масимилијано Алегри и Лучијано Спалети одобриле размена на двајцата аргентински голгетери и работата ја препуштиле на директорите да дојдат до договор!
Претходните недели во Италија кружеа гласини за заминувањето на двајцата најдобри стрелци во Серија А, а сега повторно е актуелна размената. Јасно е, во случај да биде постигнат договор, Јувентус покрај Игуаин би морал да доплати и најмалку 50 милиони евра со оглед на вредноста на Икарди на трансфер пазарот.
Двајцата се на голема раскрсница во кариерата. Икарди има откупна клазула од 110 милиони евра која важи за клубовите надвор од Италија. Додека Иинтер на сите начини се обидува истата да биде зголемена, сопругата и агент на Икарди, Ванда Нара се обидува да извлече што повеќе пари за Икарди.
Икарди ја бара најголемата плата во Серија А, односно осум милиони евра по сезона, а во Интер не сакаат да прифатат таков договор.
Кога во прашање е Игуаин не е јасно дали би имал желба да се пресели во Интер, но очекувањата се да го напушти Јувентус ова лето, а освен со „нероаѕурите“ се поврзуваше уште со Монако, Челзи и ПСЖ.