Дома Фудбал Франција Турски бизнисмен од Марсеј прави сериозен конкурент на ПСЖ?

Турски бизнисмен од Марсеј прави сериозен конкурент на ПСЖ?

ПСЖ и оваа година е неприкосновен во француската Лига 1, но може ли да се промени тоа наскоро?

Галтие го презеде тимот, го наследи Покетино и продолжи да победува. Во Лига 1 по 15 одиграни кола се уште немаат пораз, додека во Лигата на шампионите за противник го имаат Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Француските медиуми, пак, пишуваат дека во Франција се подготвува нова голема зделка.

Олимпик Марсеј е на мета на тунискиот бизнисмен Буаџил, кој е поддржан од конзорциум од Обединетите Арапски Емирати.

L’Equip претходно објави дека актуелниот сопственик на клубот Френк Меккурт не сака да го продаде тимот што го купи пред шест години за сума од 45 милиони евра. Сепак, сега Американецот и поранешен сопственик на ЛА Доџерс е подготвен да преговара за сума од 500 милиони евра!

Останува да видиме што ќе одговорат заинтересираните купувачи, но постои шанса катарските сопственици на ПСЖ да добијат сериозен конкурент во финансиска смисла.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Митровиќ ќе добие 25 милиони евра само за да замине од саудискиот клуб

Најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација Александар Митровиќ …