Арсенал е екипата која во финалето на Лига Купот ќе се сретне со Манчестер Сити бидејќи вечерва во вториот полуфинален меч, беше подобра од Челзи со 2:1.
Сепак, не е се така лошо за тимот на Арсен Венгер кој денес излезе во прилично силен состав, како и Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гостите направија фантастична акција, Азар по одличното додавање на Педро излезе еден на еден со голманот Оспина и лесно успеа да погоди за 1:0.
Беше тоа во 7. минута, а само пет минути подоцна Арсенал изедначи. Озил изведе корнер од левата страна, Монреал упати удар кон голот, таму топката го погоди Рудигер кој постигна автогол за 1:1.
Пред крајот на првото полувреме, Озил имаше една шанса, но до промена на резултатот не дојде.
Во продолжението Џака го постави конечниот резултат, со погодок во 60. минута.