Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно игра во врвна форма и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на Лацио.
За Србинот интерес покажаа многу европски гиганти, но никој не беше спремен да плати 100 милиони евра, колку што бараше Лацио за неговата слобода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека за Милинковиќ-Савиќ силен интерес покажува Реал Мадрид, кој веќе стапил во контакт со неговииот агент.
СМС има договор со Лацио до 2024 година, а „кралевите“ се надеваат дека ќе може да го комплетираат трансферот за 70 милиони евра плус бонуси.
Меѓутоа, Реал ќе се соочи со голема конкуренција бидејќи за Србинот интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Наводно и самиот Сергеј е спремен ова лето да го направи чекор напред во кариерата и да го напушти Лацио.