Дома Топ вести Три европски гиганти го сакаат Асенсио

Три европски гиганти го сакаат Асенсио

Три европски гиганти покажуваат сериозен интерес за крилото на Реал Мадрид, Марко Асенсио, пренесуваат медиумите на Островот.

Станува збор за Арсенал, Милан и Тотенхем, клубови кои внимателно ја следат ситуацијата со 25-годишниот Шпанец.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Медиумите тврдат дека Карло Анчелоти повеќе простор ќе им дава на Винисиус, Родриго и Бејл во новата сезона.

Тоа значи дека Асенсио ќе добива мала минутажа, па Реал Мадрид е спремен да слушне понуди за него. Неговиот договор истекува во 2023 година, но двете страни се уште не започнале преговори за продолжување на соработката.

Поради тоа Реал смета дека сега е идеално време за продажба бидејќи Асенсио следното лето ќе влезе во последната година од договорот.

Споменатите клубови ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда во последните денови од трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…