Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот работи на продолжување на договорите на Џанлуиџи Донарума, Хакан Чалханоглу и Златан Ибрахимовиќ.
„Тоа се многу важни фудбалери за нас, работиме на нивните нови договори. Имаме планирани средби во наредните денови и се надеваме дека набрзо ќе стигнеме до договор“, изјави Малдини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Донарума и Чалханоглу влегоа во последната година од договорот, па клубот веќе подолго време работи на продолжување на соработката.
Новината е што Милан му нуди на Ибрахимовиќ „доживотен“ договор. Иако има 39 години, со оглед на неговите перформаси „росонерите“ сметаат дека може да игра уште една година, а потоа ќе добие директорска функција.