Дома Македонски спорт Мак фудбал Тричковски ќе остане уште две сезони во АЕК Ларнака!

Тричковски ќе остане уште две сезони во АЕК Ларнака!

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го продолжи договорот со екипата од Кипар, АЕК Ларнака на уште две години, а информацијата ја потврди клубот преку официјалниот веб-сајт.

Управата на кипарскиот тим објави дека е среќна затоа што успеале да се договорат со македонскиот фудбалер за нова соработка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тричковски пристигна во АЕК Ларнака пред четири ипол години, а притоа успеа да запише 163 настапи во сите натпреварувања. Исто така, постигна 67 гола во домашното првенство, 10 во Купот и уште 20 во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…