Maкедонскиот напаѓач Иван Тричковски со гол ја започна сезоната во кипарското првенство.
АЕК Ларнака славеше победа од 1:2 против Неа Саламис, а Тричковски беше стрелец на првиот гол во 38. минута од натпреварот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во овој натпревар покрај Тричковски за АЕК стартери беа уште и Мојсов и Спировски. Мојсов го одигра цел натпревар, додека Спировски на теренот помина околу еден час.