Дома Топ вести Трипл-дабли за Дончиќ и Јокиќ, победи за Далас и Денвер

Трипл-дабли за Дончиќ и Јокиќ, победи за Далас и Денвер

Возбудувања во НБА имаше и во изминатата вечер, а повторно одлични настапи забележаа Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Далас водеше од почетокот до крајот и без поголеми проблеми славеше против Атланта. Иако, рано на почетокот на второто полувреме влезе во проблеми со пеналите, Лука Дончиќ оствари трипл-дабл од 18 поени, 11 асистенции и 10 скокови. Одлично го менуваше Џејлен Браун кој самиот направи рани лични грешки, а натпреварот го заврши со 22 поени на крајот. Во редовите на гостите Колинс постигна 22 поени и имаше 18 скокови, Јанг мечот го заврши мечот со 17 поени и се изнапромашува.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Милвоки ги прегази Клиперси. Антетокумпо броеше до 28, додаде и 10 скока. Одличен во родниот град беше ЏејРу Холидеј со 27 поени и 12 асистенции. Натпреварот беше решен со серијата 19:3 на стартот на вториот дел на натпреварот.

Денвер после три порази во низа успеаа да слават против Бруклин со 124:104. Никола Јокиќ одново беше фантастичен и запиша нов трипл-дабл (27 поени, 12 скокови и 10 асистенции). Сето тоа српскиот ас го оствари за неполни 30 минути игра. Од игра имаше само три промашувања (12/15).

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Индијана 98:85, Далас – Атланта 104:94, Орландо – Бостон 84:116, Хјустон – Њу Орлеанс 107:120, Клиперси – Милвоки 113:137, Чикаго – Филаделфија 108:119, Денвер – Бруклин 124:104, Минесота – Детроит 118:105.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…