Фудбалерот на Њукасл, Киеран Трипие во овој преоден рок се споменуваше како можно засилување за Баерн Минхен, но Њукасл не ја прифати понудата од германскиот гигант во износ од 15 милиони евра.
Дека имало голем интерес од Баерн потврди и самиот Трипие.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Готово е. Посветен сум на Њукасл. Клубот направи многу за мене и сакам да им возвратам. Интересот од Баерн можам да го прифатам како комплимент за мојата добра форма“, изјави Трипие.
На прашањето дали ваквите ситуации го вознемируваат Трипие одговори.
„Не, јас сум професионалец. Искусен сум и работите кои немаат врска со теренот ги тргнам на страна“, одговори фудбалерот.
Со оглед на тоа дека дефинитивно од трансферот на Трипие во Баерн нема ништо, клубот ќе се сврти кон францускиот бек, Саш Боју кој ги брани боите на Галатасарај.
🔴 Kieran Trippier on Bayern’s interest: “It's over. I'm committed to Newcastle, they've done a lot for me and I want to give back”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 28, 2024
“I can only take Bayern interest as a compliment”.
“Unsettling? No, I'm a professional. I'm experienced and try to block all the noise out”. pic.twitter.com/YM3kdvqCnc