Дома Останати Кошарка Тренерот на Партизан пред натпреварот против МЗТ: Се плашам!

Тренерот на Партизан пред натпреварот против МЗТ: Се плашам!

Кошаркарите на Партизан отпатуваа за Скопје, каде што во петок навечер против нашиот МЗТ ќе ја отворат новата сезона во АБА лигата.

Тренерот, Мирослав Николиќ изјави дека има одредена доза на страв пред овој дуел, но дека и покрај тоа очекува победа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„За нас натпреварот од првото коло е многу важен, започнува ново натпреварување. Не сме подготвени сто проценти, ќе биде тешко, очекувам дека ќе одлучи една топка. Мислам дека Партизан има тим кој може да победува, но сепак се плашам затоа што не сме потполно воиграни на подготвителниот период. Имаме уште многу простор за напредок, но и покрај тоа, очекувам победа“, изјави Николиќ, пренесува клупскиот сајт.

Оптимист за натпреварот е и Вања Маринковиќ, за кого ова ќе биде четврта сезона во сениорскиот дрес на Партизан.

„Во претходните две сезони во првото коло добивме и загубивме во завршницата од натпреварот. Ова сега е нешто ново, ново натпреварување, тимот во голема мера е променет, но верувам дека нашите млади играчи и искуствата на Величковиќ и Чакаревиќ, можеме да направиме добра мешавина која ќе ни донесе победа. Со тие амбиции идеме во Скопје“, изјави Маринковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ промаши тројка и не го спаси Денвер од пораз: Жал ми е (Видео)

Никола Јокиќ жали што не ја подаде топката на Џамал Мареј во последните секунди од мечот с…