Дома Фудбал Тренерот на Леванте: Не брзаме со Барди, најважно е да нема потреба од операција

Тренерот на Леванте: Не брзаме со Барди, најважно е да нема потреба од операција

Eнис Барди се повреди на последниот тренинг пред натпреварот на Македонија против Грузија и го пропушти целиот репрезентативен циклус.

Барди има повреда на грбот, по неговото враќање во Шпанија медиумите во оваа земја најавуваа и дека можеби ќе биде потребна операција. Тренерот на Леванте во овој момент не знае колку време не ќе може да смета Барди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не можам да кажам многу за повредата на Барди и кога ќе се врати. Има една незгодна повреда, му испративме порака да знае дека сме со него. Денес го започнува процесот на рехабилитација и ќе видиме како ќе оди. Најважно од се да нема потреба од операција, нема да брзаме“, изјави тренерот на Леванте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Го сакам Реал Мадрид и Арбелоа, тој беше еден од моите омилени играчи

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше пред медиумите на интересна прес-конференција …