ЛА Галакси вчера и официјално соопшти дека на крајот од сезоната во МЛС завршува и епизодата на Златан Ибрахимовиќ во овој клуб.
За ваквиот развој на настаните се шпекулираше од поодамна, а наводно Ибра би можел да се врати во Италија. Се споменуваат Интер, Милан, Наполи и Болоња, додека претходно се шпекулираше дека 38-годишниот играч сака да ја почуствува “фудбалската романтика“ и да заигра во дресот на Бока Јуниорс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарите од италијанското радио Кис Кис се обидоа да добијат одговор за иднината на Ибра од тренерот на ЛА Галакси, Скелото.
„Не знам што ќе направи сега. Тој е фантастичен играч, но не го знам неговиот следен чекор, можеби ќе ја заврши кариерата во Наполи или Милан.“ – изјави Скелото и додаде:
„Не знам каде ќе биде, но тој сака и заслужува да ја заврши кариерата во Италија.“
Еден од клубовите кои се заинтересирани за Ибра е Наполи. Инаку, Златан во ПСЖ имаше прилика да соработува со актуелниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти.
„Добро се познаваат, Златан очигледно има карактеристики кои му се потребни на Наполи.“ – кратко прокоментира Скелото.