Вчерашниот натпревар помеѓу Ајакс и Реал Мадрид во осминафиналето е пред на голема дискусија во јавноста поради поништениот погодок на Николас Таљафико во првото полувреме.
Спорната ситуација се случи во 38-та минута кога голот на Холанѓаните беше поништен поради навоеден офсајд во кој се наоѓал Душан Тадиќ кој му пречел на Тибо Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА после натпреварот се огласи со свое објаснување.
„ВАР во ЛШ: во 38. минута од натпреварот помеѓу Ајакс и Реал Мадрид, голот на Николас Таљафико со глава беше поништен по прегледување на снимките со ВАР. Судијата процени дека соиграчот на Таљафико, Душан Тадиќ е во офсајд позиција и му пречи на голманот, со што го оневозможува да игра или да биде во можност да игра со топката во моментот кога Таљафико со глава ја удира топката. Ова е во рамките на протоколот на ВАР и голот коректно беше поништен и беше досуден офсајд“, стои во објаснувањето од УЕФА.
VAR in the UCL: in the 38th minute of the Ajax v Madrid first leg, Nicolás Tagliafico’s headed goal was ruled out following a VAR review. The referee identified that Tagliafico’s team-mate Dušan Tadić was in an offside position and interfering with the goalkeeper – pic.twitter.com/sPtZFd6YiB
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 13, 2019
Тренерот на Ајакс, Ерин Тен Хаг после натпреварот ги обвини судиите дека не знаеле зошто го поништиле погодокот.
„Разговаравме со судиите после натпреварот и тие ни дадоа различни објаснувања. Еден ни кажа дека голманот би фаулиран, другиот дека било офсајд. Ја прегледав снимката и немаше ништо спорно. Ние одигравме одличен натпревар и покажавме класа“, изјави Тен Хаг.’
Сега после овој резултат фудбалската јавност не му дава многу шанси на Ајакс во реваншот.