Дома Фудбал Англија Тренерот на Астон Вила: Мислев дека на теренот има тројца Канте

Тренерот на Астон Вила: Мислев дека на теренот има тројца Канте

Челзи вчера во натпревар од 15. Коло во Премиер лигата на својот „Стенфор Бриџ“ ја победи Астон Вила со резултат 2:1.

Головите за „сините“ ги постигнаа Абрахам и Маунт, додека апсолутна контрола на средината на теренот држеше одличниот Н’Голо Канте.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот на Астон Вила после натпреварот јавно го пофали францускиот играч за врска. Канте како често пати на натпреварите го имаше секаде на теренот.

„Мислев дека на теренот има тројца Канте. Челзи има фантастични играчи“, изјави Смит после вчерашниот натпревар.

Со победата над Вила Челзи ја прекина низата лоши резултати во домашното првенство. „Сините“ сега се наоѓаат на четвртата позиција со 29 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роберто Карлос се огласи од болница по информациите дека имал срцев удар

Познатиот бразилски фудбалер Роберто Карлос (52) во последните денови на 2025 година итно …