Дома Фудбал Останато Требаше да биде новиот Макелеле: Пристигна за огромна сума, но потоа следуваше неверојатен пад!

Требаше да биде новиот Макелеле: Пристигна за огромна сума, но потоа следуваше неверојатен пад!

diara

На денешен ден 2009 година Реал Мадрид доведе  големо засилување.

Во Мадрид на овој ден пристигна Ласана Диара. Портсмунт на 17 декември 2008 година објави дека ја прифатил понудата од Реал Мадрид за доведување на Диара. Така трансферот вреден 20 милиони евра беше завршен во наредните пет дена.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На фудбалерот му беа доделни два броја 6 (за натпреварите во Примера) и 39 (за натпреварите во Лигата на шампионите). Фудбалерот на својот дрес го носеше името Ласс за нема забуни при клупскиот соиграч Махамду Диара.

Во сезоната 2009/10 на Диара му беше доделен дресот со број 10 бидејќи Весли Снајдер премина во Интер, а бројот 6 му беше доделен на Махамаду кој во тој момент се опорави од повредата. Својот прв погодок Диара го постигна во својот прв натпревар против Депортиво Ла Коруња во победата од 3:2.

Во август 2010 беше објавено дека Диара е ставен на трансфер листата на Реал Мадрид. Меѓутоа, новиот тренер Жозе Мурињо го стави Диара за составот во првиот натпревар во сезоната 2010/11.

Кога во клубот пристигна Сами Кедира, Диара доби голема конкуренција на својата позиција, но Мурињо и понатаму истакнуваше дека смета на фудбалерот.

Од Реал Мадрид замина во 2012 година кога премина во руски Анжи Махачкала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…