Дома Фудбал Останато Трајковски ќе почека за првиот натпревар под водство на Гатузо

Трајковски ќе почека за првиот натпревар под водство на Гатузо

Сплитски Хајдук вчера играше пријателски натпревар против тимот на Радомље, а за овој натпревар во  составот на тимот предводен од Џенаро Гатузо го немаше македонскиот фудбалер, Александар Трајковски.

Според информациите, Трајковски на последниот тренинг пред натпреварот почувствувал болка во пределот на листото на ногата и сите во клубот донеле одлука дека е подобро да го прескокне тој дуел.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Засега повеќе детали околу неговата повреда нема и би требало да бидат објавени по посетата на специјалистички преглед во Загрев.

Повредата на Трајковски значи и дека македонскиот напаѓач ќе почека за првиот натпревар под водство на Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигна 201 гол во Серија А – сега на 36 години потпишува за нов клуб

Еден од најдобрите италијански стрелци во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), ја прек…