Англиските медиуми пренесуваат дека Евертон го договорил најскапото засилување во својата историја, а станува збор за Бразилецот Ричарлисон од Ватфорд.
„Каралемилте“ за крилниот напаѓач ќе платат 56 милиони евра, а Ричарлисон утре ќе присигне на лекарски прегледи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето Евертон го купи Сигурдсон за 50 милиони евра, што претставуваше клупски рекорд, а ова лето плати 6 милиони евра повеќе за Бразилецот.
Ричарлисон минатото лето простигна во Ватфорд за 12 милиони фунти и во својата прва сезона го привлече вниманието на многу гиганти ширум Европа.
Во Евертон доаѓа по барање на менаџерот Марко Силва, кој добро го познава и минатата сезона работеше со него во Ватфорд.
Ричарлисон утре ќе пристигне на медицински прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор.
Sky sources: Watford forward Richarlison to have medical at Everton in the next 24 hours. #SSN pic.twitter.com/5snY5jSghl
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 22, 2018