Англискиот фудбалски шампион Челзи во летниот преоден рок немаше голем успех со ангажман на посакуваните засилувања. Медиумите на Островот објавија дека „сините“ од Лондон тргнуваат по напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.
Челзи е во потрага по напаѓач, менаџерот Антонио Конте се сложил тоа да биде Агуеро, а менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола наводно немал ништо против продажба на аргентинскиот фудбалер, па останува да се види дали двете страни ќе се договорот за овој трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29-годишниот Агуеро последните шест сезони е играч на Сити. Со „граѓаните“ има две титули во Премиер лигата, а во својата кариера настапуваше и за Атлетико Мадрид и Индипендиенте.