Дома Трансфер зона Трансферот на Олмо го чекаат и во Динамо: Хрватскиот гигант одлично ќе заработи

Трансферот на Олмо го чекаат и во Динамо: Хрватскиот гигант одлично ќе заработи

Дани Олмо игра одлично на Европското првенство и се очекува ова лето да направи трансфер, го следат неколку големи клубови.

Неговата клазула која ја има во договорот со Лајпциг изнесува 60 милиони евра, но таа истекува во понеделник и потоа германскиот тим може да одреди цена за која сака да го продаде.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Ситуацијата ја следи и хрватскиот Динамо Загреб кој ќе добие процент од трансферот на Олмо. Динамо го продаде Олмо на Лајпциг за 29 милиони евра, меѓутоа договори и 20% од сумата од идниот трансфер. Ова значи дека ако Олмо се продаде за 60 милиони евра, Динамо ќе заработи 12 милиони евра.

Во претходниот период Олмо се поврзуваше со Барселона, меѓутоа каталонскиот гигант мора прво да ја среди ситуацијата со финансискиот фер-плеј. Исто така Барселона е во преговори и со Нико Вилијамс, па прашање е дали клубот има пари и за двајцата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…