Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал ја сака ѕвездата на Дортмунд, Барса не го дава Ракитиќ, Азар постави услов

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал ја сака ѕвездата на Дортмунд, Барса не го дава Ракитиќ, Азар постави услов

Трансфер пазарот во поголемиот дел од Европа е се уште отворен, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за се што се случува на трансфер пазарот.

Анхел Ди Марија останува во ПСЖ и наскоро ќе потпише нов договор со „светците“ до 2021 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е сериозно заинтерсиран за играчот за врска на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл и е спремен да плати 75 милиони евра.

– Официјално: Лион го комплетираше трансферот на Џејсон Данајер од Манчестер Сити за 10 милиони евра (ОВДЕ).

– И покрај големиот интерес и понудите, Милан нема намера да се раздели со Рикардо Родригез. Швајцарецот сигурно останува на „Сан Сиро“. (ОВДЕ)

– Бетис на чекор од големо засилување. Шпанските медиуми пренесуваат дека Рафиња од Барселона е на чекор од потпис.

– ПСЖ е силно заинтересиран за Иван Ракитиќ и испрати богата понуда, но Барселона и самиот играч кажаа НЕ.

Лорис Кариус го напушта Ливерпул. Англиските медиуми пренесуваат дека голманот е на чекор од трансфер во Бешикташ.

– Реал Мадрид и Атлетико Мадрид покажуваат сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо и се спремни да платат 70 милиони евра (ОВДЕ).

– Челзи сака да го „блиндира“ Един Азар и му нуди богат договор според кој Белгиецот ќе заработува 300.000 фунти неделно.

– Севиља спреми понуда од 15 милиони евра за крилниот напаѓач на Торино, Јаго Фалке. Фудбалерот веќе има постигнато договор со тимот од Андалузија.

Еден Азар му постави услов на Челзи за да стави потпис на новиот договор.

– Лајпциг ја одби понудата на Реал Мадрид за Тимо Вернер (ОВДЕ).

– Бока Јуниорс ја одби понудата на Барселона, тешка 10 милиони евра, за талентираниот Лео Балерди, кој има само 19 години.

Балотели одлучи да остане во Ница и официјално потпиша нов договор на уште една сезона (ОВДЕ).

– Интер му ја отвори излезната врата на Антонио Кандрева. За него интерес покажува тимот на Монако, но Италијанецот сака да остане во Милано.

– Младиот напаѓач на ПСЖ, Тимоти Веа е блиску до трансфер во Салзбург. Синот на легендарниот Жорж Веа оди на едногодишна позајмица бидејќи има потреба од поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…