Дома Фудбал Засилување за претстојната сезона во Лигата на шампионите: Лион се засили во Манчестер Сити…

Засилување за претстојната сезона во Лигата на шампионите: Лион се засили во Манчестер Сити…

Францускиот прволигаш Лион донесе големо засилување за Лигата на шампионите.

Новиот играч на Лион денес официјално стана Џејсон Денајер, фудбалерот кој претходно беше дел од Манчестер Сити, а неговото донесување го чинеше францускиот тим околу 10 милиони евра.

За Денајер многумина екипи беа заинтересирани, но повеќето сакаа да го донесат на позајмица, додека Лион беше одлучен во тоа да го откупи Белгиецот кој на крајот потпиша четиригодишен договор.

Во изминатиот период Денајер не успеа да се избори за значајна улога во Манчестер Сити, па помеѓу останатото луташе по позајмици во Слетик, Галатасарај, Сандрленд…

Лион со доведувањето на Белгиецот доби играч кој може да покрие доста позиции во тимот, практично се во дефанзивата, а добар е и во играта на средината од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еспи влезе од клупата и го спаси Реал: Пресврт против Селта на „Бернабеу“!

Реал Мадрид ја совлада Селта со 2-1, иако губеше на паузата. Белингам израмни, а резервист…