Дома Трансфер зона Еден од најбараните летово останува во дресот на „Росонерите“, здравјето на Стриниќ пресудно?!

Еден од најбараните летово останува во дресот на „Росонерите“, здравјето на Стриниќ пресудно?!

По сознанијата дека Иван Стриниќ има срцеви проблеми, како и тоа дека ќе мора да мирува минимум три до четири месеци, навивачите на Милан почнаа да паничат, а што ако замине и Рикардо Родригез?

Како што пренесува „Калчомеркато“, оваа ситуација дополнително влијаеше на тоа левиот бек, Рики Родригез да остане во тимот. Многумина екипи го сакаа во своите редови, но тие сега ќе мора да прифатат дека Милан нема да го продаде фантастичниот Швајцарец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


25-годишниот фудбалер го импресионираше целиот свет со своите партии во Волфзбург, па тогаш го сакаа бројни европски великани. Милан успеа да ја победи големата конкуренција и изминатото лето да го донесе Родригез во своите редови за некои 18 милиони евра.

И покрај изјавата на Леонардо дека преодните рокови во одредени земји се уште отворено, тешко е дека Монако и ПСЖ ќе успеат да го донесат Швајцарецот. Покрај овие екипи, него го сакаше и Арсенал, како и бројни германски екипи.

Состојбата на Стриниќ значи дека и новото засилување, Диего Лаксалт мора да игра повремено на левиот бек, иако првенствено е доведен да би играл на лево крило и во средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…