Дома Фудбал Реал Мадрид доби отсечно „НЕ“ од германскиот прволигаш

Реал Мадрид доби отсечно „НЕ“ од германскиот прволигаш

Реал ќе мора да бара нови решенија.

Фудбалскиот клуб Лајпциг не сака да го продаде на Реал Мадрид, германскиот репрезентативец, Тимо Вернер, објавено е денес.

„Тоа не е прашање. Тимо јасно стави до знаење дека сака да остане во Лајпциг. Истакна и дека сака да биде тука и следната сезона и да работи со новиот тренер Јулијан Негелсман“, истакна спортскиот директор на клубот, Ралф Рангник.

Вернер на 63 бундеслигашки натпревари за Лајпциг, постигна 34 погодоци.

Нему договорот со Лајпциг го врзува уште две години, а клубот ќе се обиде истиот да го продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ја загуби голгетерската брзина: Сè повеќе прашања за Алонсо

Од 15 гола на првите шест средби до само четири во следните четири првенствени настапи – н…