Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО 5-ти јули: Јувентус купи стопер, Раиола потврди – Погба сака да си оди!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО 5-ти јули: Јувентус купи стопер, Раиола потврди – Погба сака да си оди!

„СПОРТСКИ.МК“ до крајот на трансфер пазарот навремено ќе ве известува за сите трансфери, шпекулации и трансфер актуелности.

-Реал Мадрид ја финализира продажбата на четворица фудбалери, кои се „вишок“ во тимот на Зидан (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дани Себаљос донесе одлука и кариерата ќе ја продолжи во тимот на Тотенхем каде ќе пристигне како позајмен фудбалер (ОВДЕ).

-Падна договор: Рома го реши проблемот со голманската позиција и го договори со Пау Лопез за 30 милиони евра (ОВДЕ).

-БОМБА: Доколку Интер успее да се ослободи од Раџа Наинголан ќе тргне по потписот на Артуро Видал.

Самир Насри е многу блиску да му се придружи на Винсент Компани во Андерлехт.

-Барселона реши да го стави Умтити на продажба и веќе ја постави неговата цена (ОВДЕ).

-Баерн Минхен се вклучи во трката по Лукас Васкез, но играчот на Реал преферира преселба во Премиер лигата.

-Милан има план како да дојде до плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш (ОВДЕ).

-Готово: Марко Арнаутовиќ се сели во Кина, откако Вест Хем ја прифати понудата од 25 милиони евра од Шангај Шехуа.

-БОМБА: Тотенхем е спремен повторно да го сруши сопствениот трансфер рекорд (ОВДЕ).

-Рома го потврди интересот за Гонзало Игуаин. Јувентус е спремен да го пушти напаѓачот, но Аргентинецот во моментов одбива трансфер на „Олимпико“.

-Наполи се вклучи во трката за Мауро Икарди и е спремен да понуди 60 милиони евра за неговиот потпис (ОВДЕ).

Ел Шарави ја прифати понудата од Шангај Шехуа каде ќе заработува цело „богатство“. Проблем е што Рома во моментов бара 20 милиони евра за неговата слобода.

-Претседателот на Сампдорија потврди дека Денис Прет е најблиску до трансфер во Милан. Играчот за врака е желба на тренерот Џампаоло, а неговата цена е околу 20 милиони евра.

-Атлетико Мадрид е спремен да ги исполни условите на Челзи и уште ова лето да го откупи Мората за 55 милиони евра.

-Јувентус се уште не може да постигне договор со Ајакс за трансферот на Де Лихт. Понудата на „бјанконерите“ е премногу ниска.

– Се појави фотографија од Португалецот Бруно Фернандеш во дресот на Манчестер Јунајтед. Ако фотографијата не е монтирана тогаш Јунајтед добива големо засилување.

– Денес добивме две официјални потврди од Манчестер, Андреас Переира и Аксел Тунзебе ги продолжија договорите. Туанзебе до 2022 година, Переира до 2023 година.

– Нови лоши информаиции за навивачите на Јувентус. Наводно, после проблемите околу висината на оштетата Барселона повторно се вклучила во трката за Де Лихт (ОВДЕ)

Мурињо за својата иднина:

„Во иднина? Фудбал и секогаш на високо ниво. Постои можност да одам во Италија. Никогаш не сум шетал не околу и да кажувам кој клуб ме побарал“

– Претходно најавивме сега е готово! Самир Насри ги минува лекарските во Андерлехт каде што ќе му се придружи на Компани!

– Медиумите најавуваат дека наскоро ќе пристигне официјална потврда дека Сари го смета Марио Манџукиќ за непотребен. Најблиску до негов ангажман е Борусија Дорртмунд.

– Во Италија името на Немања Матиќ се поврзува со Милан и Интер. (ОВДЕ)

– Не е поврзано со трансферите, но би сакале и тука да ја пренесеме тажната вест за фудбалскиот свет која пристигна денес. Украински Днипро кој пред само четири години играше финале во Лигата на Европа од денес не постои (ОВДЕ).

– Oфицијално: Серхио Регулион како позајмен играч ќе игра наредната сезона во Севиља. (ОВДЕ)

– Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го задржи Де Геа и сака да го направи најплатен голман во светот! (ОВДЕ)

– Повторно вести за Де лихт. Сега „Калчомеркато“ објави дека Јувентус сепак ќе го добие Де Лихт за сумата која ја бара Ајакс 70-80 милиони евра. Како главен виновник затоа што Јувентус се уште е фаворит се истакнува Мино Раиола кој од овј трансфер би требало да добие провизија од околу 11 милиони евра.

– Официјално: Мартин Одегард наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Сосиедад каде што ќе настапува како позајмен играч од таборот на „кралевите“

– Во Рома размислуваат за анагажман на Маријано Диаз од Реал Мадрид. (OВДЕ)

– Oфицијално: Интер официјално го потврди трансферот на 17 годишниот Луис Агума.

– „АС“ објави дека Манчестер Јунајтед како замена за Погба кој е се поблиску до заминување може да го доведе Саул Нигез од Атлетико Мадрид кој има откупна клазула од 150 милиони евра.

– Eве ја и потврдата за Насри! Андерлехт му посака добредојде. (ОВДЕ)

– Ја пренесовме изјавата на Мурињо во кој Жозе порачува дека може да се врати во Италија и дека сака да го продолжи да работи на високо ниво, но сега се појави информација дека најголемиот кинески клуб, Гвангжу Евергранде преговара со Португалецот. (Наскоро повеќе)

– Германски „Скај“ пренесува дека Роберт Левандовски прифатил нов договор со Баерн до 2023 година.

– Претседателот на Барселона проговори за Нејмар и буквално го понижи! (ОВДЕ)

Пабло Сарабија во ПСЖ ќе го носи дресот со број 19.

– Покрај изјавата за Нејмар, Бартомеу потврди и дека вчера го одржале првиот состанок со агентите на Гризман.

Икарди на близок пријател му признал дека оди во Јувентус! (ОВДЕ)

Мино Раиола отворено: Погба сака да замине од Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

– Официјално: Стоперот Мерих Демирал е нов играч на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатно промашување на Лаутаро🎥

Интер има водство на полувремето против градскиот ривал Милан од 1:0 со голот на Ачерби, н…