Дома Топ вести „Медијасет“: Икарди открил каде ќе ја продолжи кариерата!

„Медијасет“: Икарди открил каде ќе ја продолжи кариерата!

Се повеќе јасно станува дека Икарди нема да биде играч на Интер следната сезона.

Антонио Конте неодамна пристигна во Интер и не го гледа Икарди како дел од својот тим во новата сезона. Италијанскиот стратег има желба клубот да му ги доведе Ромелу Лукаку или Един Џеко.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Икарди најмногу се поврзуваше со Јувентус и изгледа дека гласините кои се појавуваа во италијанските медиуми беа оправдани. Иако Аргентинецот имал понуда од Наполи со 10 милиони евра по сезона тој се одлучил за Јувентус.

Јувентус сака за помалку од 50 милиони евра да го откупи неговиот договор, а пред неколку дена се појави вест дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи имал состанок со Ванда Нара во хотел на Ибица.

„Медијасет“ денес објави дека Икарди на свој близок пријател му се доверил дека наскоро станува играч на Јувентус.

Најголем проблем во овој момент за овој трансфер да се реализира изгледа е оштетата, но се очекува двата клуба да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …