Дома Топ вести Милан почна преговори со Жорге Мендеш – го сака еден од најдобрите играчи од Премиер лигата

Милан почна преговори со Жорге Мендеш – го сака еден од најдобрите играчи од Премиер лигата

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан во соработка со супер-агентот Жорге Мендеш работи на големо засилување од Премиер лигата.

Приоритет на „росонерите“ ова лето ќе биде да донесат квалитетен играч за врска, а медиумите откриваат дека најголема желба е плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рубен Невеш пред две години пристигна во Волвс од Порто за 14 милиони фунти и се еталираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.

Во јануари двата клуба од Манчестер се обидоа да го донесат Невеш во своите редови, но „волците“ одбија да го пуштат за сума помала од 70 милиони евра.

„Росонерите“ сега се обидуваат да го искористат интересот на Волвс за Андре Силва, чија вреност е 30 милиони евра.

Двајцата играчи имаат ист агент, Жорге Мендеш, па Милан работи на трампа така што покрај Андре Силва ќе понуди плус 30 милиони евра за потписот на Рубен Невеш.

https://youtu.be/DCih_U2vA3I

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…