Дома Топ вести Јувентус влегува во опасност да ја изгуби трката, Барса се враќа по Де Лихт!

Јувентус влегува во опасност да ја изгуби трката, Барса се враќа по Де Лихт!

Иако работата до вчера изгледаше како скоро завршена изгледа дека ситуација околу Де Лихт и Јувентус се искомплицира.

Во Ајакс се лути поради потценувачката понуда која пристигна од Торино во текот на вчерашниот ден. Првата понуда на Јувентус изнесувала 55 милиони евра како фиксна сума и уште 10 преку бонуси. Додека Холанѓаните не сакаат да слушат за нешто под фиксни 75 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона таа сума веќе ја нудеше.

Поради тоа од Ајакс на Де Лихт му порачале дека го очекуваат да се појави на припремите кои започнуваат во понеделник и дека не доаѓа во предвид за сумата која понудиле од Јувенутс да заврши во Торино.

Наводно во Јувентус после негативниот одговор ја зголемиле понудата на 55 фиксни и 20 преку бонуси, но од Ајакс не попуштиле и повторно одговорот бил дека сакаат 75 милиони евра во целост.

Каталонските медиуми затоа пишуваат дека Јувентус многу лесно може да остане без можеби најголемото засилување кое може да го добие во овој преоден рок.
Ќе потсетиме, Барселона со Де Лихт се поврзуваше пред почетокот на преодниот рок и на големо се најавуваше дека ќе заврши во Каталонија заедно со неговиот соиграч од Ајакс Френки Де Јонг кој денес беше претставен на „Ноу Камп“. Сепак потоа работите се променија, но изгледа сега Барса се враќа во игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …