Дома Трансфер зона Рома во понеделник решава голем проблем: Пристигнува засилување од 30 милиони евра!

Рома во понеделник решава голем проблем: Пристигнува засилување од 30 милиони евра!

Сега веќе поранешниот спортски директор на Рома, Мончи не успеа да пронајде решение на „Олимпико“ откако клубот го напушти Алисон Бекер.

На „Олимпико“ пристигна Робин Олсен од Копенхаген, но не се прослави.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа минатата сезона минути доби и искусниот Антонио Миранте кој исто така пристигна во Рома минатото лето и за кого беше наменета позицијата резервен голман.

Прашањето чувар на мрежата е едно од оние кои се поголем проблем за Рома, а изгледа дека луѓето во „волчицата“ конечно пронајдоа решение.

Имено, „Калчомеркато“ денес пишува дека трансферот на одличниот голман на Бетис Пау Лопез е договорен и дека тој во понеделник ќе пристигне во Рим на лекарски прегледи. Споменатите најави ги потврдува и „Скај Спорт Италија“.

Откако ќе ги помине лекарските прегледи 24 годишниот Пау Лопез со Рома би требало да потпише договор на пет години. Се очекува трансферот да изнесува околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…