Раководството на Барселона донело одлука да се раздели со Самуел Умтити во текот на летниот преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот имаше многу проблеми со повредите и претходната сезона одигра само 15 натпревари за Барселона, а се споменува и како дел од договорот за трансферот на Нејмар.
Како што пренесува Спорт, Барселона одлучи да го стави Умтити на трансфер листата, а една од причините е што Французинот прави се поголем притисок до управата за да потпиша нов договор.
Проблемите со повредите доведоа до тоа неговата цена да падне, но Барселона и натаму сака да добие 60 милиони евра за неговиот потпис.
Медиумите тврдат дека Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат најсериозен интерес за Французинот, но за „црвените ѓаволи“ Умтити е резервна опција, доколку пропадне трансферот на Мекгваер.
https://youtu.be/R_Z0tjoNjQg