Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: ПСЖ купи засилување од 47 милиони евра, богата понуда за Пандев!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: ПСЖ купи засилување од 47 милиони евра, богата понуда за Пандев!

Трансфер пазарот влегува во самата завршница, а тука секогаш е најинтересно – БИДЕТЕ ВО ТЕК со се што се случува.

– Според информациите на шпанските медиуми, Реал Мадрид со сигурност следното лето ќе го напуштат: Кејлор Навас, Марсело, Лукас Васкез, Ваљехо, Себаљос и Модриќ. (ОВДЕ)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– МОЖЕН ПРЕСВРТ: Рабио на крајот би можел да заврши во Ливерпул! (ОВДЕ)

ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ утрово го комплетираше трансферот на Пардес! (ОВДЕ)

Хуан Мата и Ешли Јанг одбиле да го продолжат договорот со Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите на Островот. (ОВДЕ)

– Реномираниот Џанлука Ди Марцио тврди дека до крајот на преодниот рок, Домагој Вида може да се прели во Рома.

– Каталонски „Спорт“ пишува дека Челзи на лето ќе се обиде да го доведе Иван Ракитиќ од Барселона. Барселона со трансферот на Френки Де Јонг започна да го подмладува тимот, а Хрватот би можел да добие дозвола да си замине за 90 милиони евра. (ОВДЕ)

БОГАТА ПОНУДА ЗА ПАНДЕВ: Низ италијанските медиуми се појави вест тимот каде што замина Бенатија од Јувентус, катарскиот Ал-Духаил понудил четири милиони евра по сезона за двегодишен договор на Горан Пандев. (ОВДЕ)

– Според последните информации од „Чизмата“, Весино и Кандрева од Интер побарале трансфер. (ОВДЕ)

– БЛИСКУ ДО ДОГОВОР: Денис Суарез се сели во Арсенал. Суарез утре би требало да пристигне на прегледи во Лондон. Очекувањата се Арсенал да плати 2.5 милиони евра за позајмица до лето, а потоа да го откупат неговиот договор за сума од 20 милиони евра. (ОВДЕ)

– Дани Олмо од Динамо Загреб веќе подолго време се поврзува со Барселона, а според последните информации во игра за неговиот потпис сега се вклучил и Реал Мадрид. (ОВДЕ)

Aрјен Робен би можел да заврши во Јапонија! Тимот на ФК Токио наводно е фаворит за неговиот потпис! (ОВДЕ)

– Низ италијанските медиуми и денес може да се причита дека Марек Хамшик преговара со кинески Гвангажу.

– Официјално: Марко Рог го комплетираше трансферот во Севиља.

– Француски Монако по враќањето на Жардим на клупата покажува интерес за бразилскиот стопер Миранда кој не е задоволен од својот статус во Интер.

– Поради трагедијата со Емилијано Сала, Кардиф до крајот на преодниот рок изгледа ќе доведува нов напаѓач Засега фаворит наводно е Патрик Шик од Рома. (ОВДЕ)

АЛВАРО МОРАТА ДЕНЕС БЕШЕ ПРОМОВИРАН КАКО НОВ ФУДБАЛЕР НА АТЛЕТИКО. Oткриен е уште еден детал, шпанскиот напаѓач за да игра во Атлетико се откажал од три милиони евра. (ОВДЕ)

Винисус Жуниор јавно го покани Нејмар во Реал Мадрид (ОВДЕ)

– Oд денес и официјално, Мартин Касерес по трет пат во дресот на Јувентус. (OВДЕ)

Маруан Фелаини на крајот би можел да заврши во Кина! (ОВДЕ)

Костас Митроглу во наредните часови би можел да го договори трансферот во Галтасарај. Во овие моменти се водат преговори помеѓу Марсеј и турскиот клуб. Марсеј сака целосно да го продаде, додека Турците сакаат позајмица.

– Нови информации за потенцијалниот трансфер на Маруан Фелаини. Белгиецот е многу блиску до трансфер во кинескиот Шандонг, дел од медиумите на Островот оваа работа ја означија и како завршена.

– Каљари успеа да постигне заеднички јазик со Рома за позајмица на Лука Пелегрини, наскоро се би требало да биде завршено.

– Италијански „Скај“ пренесува дека Сампдорија наскоро ќе го купи 22 годишниот чувар на мрежата Емил Аудеро од Јувентус, а цената изнесува дури 20 милиони евра! со што овој голман би станал петти најскап во историјата. Навистина зачудувачки податок. (OВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…