Дома Кошарка Вилдоза избегна скршеница, но Партизан ќе мора без него во АБА-лигата

Вилдоза избегна скршеница, но Партизан ќе мора без него во АБА-лигата

Вилдоза избегна скршеница, но Партизан ќе мора без него во АБА-лигата

Лука Вилдоза нема скршеница на шаката, но повредата заработена против Макаби сепак ќе го оддалечи од следниот натпревар на Партизан. Аргентинскиот кошаркар нема да настапи во недела против Студентски центар во АБА-лигата, додека неговото учество на дуелот со Басконија останува неизвесно.

Вилдоза го напушти теренот уште во првата четвртина од петочниот евролигашки натпревар. Магнетната резонанца направена истата вечер ја исклучила можноста за скршеница, а дополнителниот ултразвучен преглед следното утро покажал дека станува збор за хематом на шаката.

За Партизан сега е отворено прашањето дали бекот ќе биде подготвен до среда, кога против Басконија го очекува средбата од 11. коло во Евролигата. Засега е извесно само неговото отсуство од претстојната обврска во регионалното натпреварување.

Повредата на Вилдоза дополнително го оптоварува составот на Џоан Пењароја. На листата на повредени и натаму се Кевариус Хејс, Тонје Џекири и Дерек Вилис, а против Макаби тренерот мораше да најде решение без двајца стартни центри.

И покрај кадровските проблеми, белградскиот тим славеше убедливо со 88:67. Тоа беше втора победа на Партизан во последните шест евролигашки настапи, со која дојде до биланс од пет победи и пет порази.

Фото: Telegraf

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Порзингис се трга од кошарката: „Здравјето мора да биде на прво место“

Летонскиот центар го прекинува играњето поради здравствени проблеми, но засега не соопшти …