
Пеко Бањаја беше однесен во медицинскиот центар по тежок пад во спринтерската трка за Големата награда на Катар. Инцидентот се случи набргу по стартот, а трката беше прекината со црвено знаме.
До судирот дојде во свиокот број 16. Фермин Алдегер, кој возеше зад Бањаја, се обиде да го нападне Педро Акоста од КТМ, но удри во мотоциклот на Италијанецот. Ударот го исфрли Бањаја од седиштето и следуваше тежок пад.
Изгледаше дека двократниот шампион накратко ја загуби свеста, но според првичните впечатоци беше свесен кога медицинската екипа му укажуваше помош во чакалот. Потоа беше изнесен на носилки и пренесен на прегледи.
Бањаја имаше добар почеток и стигна до второто место, но до моментот на несреќата веќе беше на петтата позиција.
За предизвикување на судирот, Алдегер доби казна од два долги круга, но му беше дозволено да учествува на повторниот старт. За продолжението беа задржани првичните стартни позиции, а должината на спринтот беше намалена од 11 на 10 круга.
Фото: The Race