Дома Трансфер зона Трансфери во живо: Реал купува стопер, Сити се откажува од Санчез, Марез го одби Ливерпул

Трансфери во живо: Реал купува стопер, Сити се откажува од Санчез, Марез го одби Ливерпул

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити испратил официјална понуда до Шахтјор за играчот за врска Фред „тешка“ 50 милиони евра. Брзилецот е голема желба на Пеп Гвардиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-„Скај Спорт“ пренесува дека Арсенал со сите сили ќе насочи кон доведуње на Малком од Бордо, како замена за Алексис Санчез.

-Готово: Барселона се ослободи од Арда Туран. Турскиот репрезентативец од денес и официјално е играч на Истанбул Башакшекир (ОВДЕ).

„Football Leaks“ ги откри сите детали од новиот договор на Лео Меси со Барселона. Цифрите се навистина вртоглави, а целиот договор „тежи“ неверојатни 417 милиони евра.

-Лестер го договори трансферот на 22-годишниот напаѓач Фусени Диабате од Ајачио, а финансиските детали од трансферот не се познати.

Рахман Баба е на чекор од браќање во Шалке. „Кикер“ пренесува дека преговорите со Челзи се во завршна фаза, па фудбалерот ќе се врати на позајмица во Гелзенкирхен.

-Наполи го договори трансферот на Симоне Верди од Болоња, а истиот конечно би требало да биде официјализиран во понеделник. Во меѓувреме се искомплицира трансферот на Жерар Делуфеу поради превисоката плата на фудбалерот.

-Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус го договорил трансферот на севернокорејскиот напаѓач, Хан. Тој е во сопственост на Каљари, а оваа сезона настапува во Перуџа.

-Иако се тврдеше дека се е договорено, настанаја проблеми околу трансферот на Рафиња во Интер, поради превисоката откупна цена која ја бара Барселона (ОВДЕ).

Муса Шоу го комплетираше трансферот во турскиот клуб Бурсаспор!

-Манчестер Јунајтед наскоро ќе започне преговори за продолжување на договорот со Давид де Геа и ќе му понуди неделна плата од 300.000 фунти.

-Главна трансфер цел на Пари Сент Жермен за следното лето ќе биде играчот за врска на Челзи, Нголо Канте.

-Атлетико Мадрид го сака Андреа Белоти како замена за Антоан Гризман!

-Англиските медиуми пренесуваат дека Ријад Марез го одбил Ливерпул бидејќи сака трансфер во Арсенал (ОВДЕ).

Ибрахимовиќ повторно е актуелен на трансфер пазарот и може да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок, а веќе има неколку понуди (ОВДЕ).

-Борусија Дортмунд постигна договор со Базел за трансфер на дефанзивецот Мануел Аканџи за кого „милионерите“ ќе платат 25 милиони евра (ОВДЕ).

– Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е одлучен во намерата да донесе врвен стопер на „Сантиаго Бернабеу“, а медиумите тврдат дека на радарот на „кралевите“ е Давид Луиз.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Сити може да се откаже од Алексис Санчез и дека во моментов Манчестер Јунајтед е поблиску до Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…