Дома Трансфер зона Готово: Дортмунд купи дефанзивец од 25 милиони!

Готово: Дортмунд купи дефанзивец од 25 милиони!

Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд постигнала договор со Базел за трансфер на одличниот дефанзивец Мануел Аканџи за кој „милионерите“ ќе платат вкупно 25 милиони евра.

Двата клуба веќе подолго време преговараа, па на крајот најдоа заеднички јазик и вистинска формула за трансферот. Дортмунд на швајцарскиот клуб ќе му плати 21,5 милиони евра во кеш, плус 3,5 милиони како бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аканџи утрово го напуштил тренинг кампот на Базел и ќе отпатува во Дортмунд на медицински прегледи, а потоа и официјално ќе го облече жолтиот дрес.

Тој ќе има голема конкуренција во Дортмунд, па за место во тимот ќе се бори со Сократис, Марк Бартра, Омер Топрак и Невен Суботиќ, кој најверојатно ќе го напушти клубот.

Инаку ова е најголема продажба во историјата на Базел заедно со Брел Емоболо, кој исто така за 25 милиони евра се пресели во Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…